Еуростат: Во Македонија околу 46.000 легла за сместување туристи


Македонија располага со околу 46.000 легла за сместување туристи од кои 20.500 хотелски, покажува најновата анализа на Еуростат.
Листата ја предводи Франција со 5,1 милион легла што е 16,4 отсто од вкупниот број во ЕУ, а потоа се Италија со 4,9 милиони или 15,8 отсто од ЕУ, Велика Британија со 3,9 милиони и Шпанија со 3,5 милиони или 11,2 отсто од ЕУ.
Од земјите во регионот, предничат Грција со околу 1,2 милиона, Хрватска со 987.272 и Бугарија со 328.264 легла.
Во ЕУ вкупно бројот на легла за сместување туристи достигнува околу 31,4 милиони.