Ердоган: ЦИА да се фокусира на убиството на Кашоги


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека американската Централна разузнавачка агенција не се фокусирала целосно на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

„ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги, САД треба да стават тежиште на ова прашање. Ние сме посветени тоа прашање да го изнесеме пред меѓународен суд“, рече Ердоган.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија.

„Администрацијата на Трамп дава впечаток дека е далеку од единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија“, рече турскиот претседател.