Емилија Нацевска и Ана Митреска предложени за вицегувернерки на Народната банка


Народната банка до Собранието достави предлог Емилија Нацевска и Ана Митреска да бидат избрани за вицегувернерки на банката.

Предлогот од НБРМ доаѓа по спроведување на јавен оглас за избор на вицегувернери.

Нацевска во моментов работи како советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции, а во минатото еднаш била вицегувернерка на НБРМ.

Митреска во моментов работи како директор на дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.