Ел Чапо му платил 100 милиони долари мито на мексиканскиот претседател Нието


Сведок на судењето на Хоакин Ел Чапо Гузман изјави дека обвинетиот мексикански наркобос му платил 100 милиони долари мито на поранешниот претседател на Мексико, Енрико Пења Нието.

Сведокот Алекс Цифуентес Виља, кој бил долгогодишен близок соработник на Ел Чапо, при сослушувањето пред Судот во Бруклин нагласи дека претходно на американските власти му признал дека наркобосот го подмитил Нието.

Нието беше мексикански претседател од јануари 2012 до ноември 2018 година, а пред тоа и гувернер на сојузната држава Мексико, во чии состав е и главниот град Мексико Сити.

Портпарол на Нието, ги отфрли тврдењата на Виља како лажни.

Ел Чапо лани беше екстрадиран во САД, по што во ноември започна судски процес против него под обвинение дека како шеф на нарко картелот Синалоа органиизрал шврец на кокаин, хероин и други наркотици на американска територија.