ЕК потврди дека Косово исполнува услови за безвизен режим со ЕУ


Европската комисија потврди денеска дека Косово ги исполнило и последните две барања за укинување на визите за Европската унија.

Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос го повика Европскиот парламент и Советот на ЕУ да донесат одлука за укинување на европските визи за косовските граѓани.

Според него, ќе биде неопходно пред укинувањето на визите граѓаните на Косово добро да бидат запознати со правата и обврските за безвизно патување во ЕУ.

На заедничка прес конференција Аврамопулос и претседателот на Косово, Хашим Тачи изјавија дека до косовските власти не е упатена молба за отворање миграциски центар на ЕУ.