Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Маж почина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата Благоја Стефковски во Маџари.

„До несреќата дошло помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, Струмичко, а управувано од М.Г.(35) од Скопје, и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) село Трубарево, Скопско“, соопшти МВР.

Возачот на „фиатот“ починал на самото место, а смртта е констатирана од лекар од итната медицинска помош.