Едмунд го елиминираше Ѓоковиќ во Мадрид
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Мадрид, откако загуби со 2:1 во сетови (6:3, 2:6 и 6:3) од британскиот тенисер Кајл Едмунд.
Ѓоковиќ лошо го почна натпреварот, а Едмунд ги искористи грешките на противникот и првиот сет го доби со 6:3.
Во вториот сет српскиот тенисер ја презеде иницијативата и го освои со 2:6. Ѓоковиќ во одлучувачкиот сет повторно го загуби ритамот и беше поразен со 6:3, па заврши со настапот во Мадрид уште во второто коло.
Со овој пораз српскиот тенисер ќе падне од 12 на 18 место на АТП-листата.