Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп


Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп.

Според првичните сознанија кои ги потврди портпарол на СВР-Велес, Верољуб Додевски, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило.

Увидот е во тек, на самото место е и екипа од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Сообраќајот на местото на несреќата се одвива наизменично по една коловозна лента.