Еден ангел помалку: Амбросио засекогаш ги симна крилата


САД-По 17 ревии за американскиот моден бренд за долна облека “Викторијас сикрет“, топ-манекенката Алесандра Амбросио од Бразил засекогаш ги симна ангелските крилја. Последен пат настапи на најскапата ревија на светот, на 20 ноември, за прв пат во Шангај, Кина, и се збогува со колешките од модната писта Андриана Лима, Кендис Сванепул, Лили Олдриџ…

Првата ревија ја брендот ја носеше во 2000-та и стана едно од најпрепознатлиовите лица на “Викторијас сикрет“. Најскапиот градник “Фантази бра“ што е престиж за секој ангел, го носеше два пати, беше на писта и кога беше бремена со второто дете, и ги носеше најтешките изработени крила за ревијата, кои тежеа 13 килограми.

Алесандра отиде во ангелска пензија за да се посвети на други проекти: модната линија на костими за капење со нејзин потпис, и на актерската кариера.