Ева Лонгорија ќе стане мајка на 42 години
САД- Ева Лонгорија ќе стане мајка. 42-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ е во четвртиот месец од бременоста. Претставник за јавноста на славната актерка потврди дека таа носи момче. Ова ќе биде прво дете на Ева со Хозе Антонио Пепе Бастон.
Двојката започна да се состанува во 2013 година, се вери во Дубаи пред две години и стапи во брак во мај минатата година.