(Видео) Драма кај ТЦ „Скопјанка“: Непријатен мирис во зграда, полицијата ги евакуира станарите


Непријатна миризба ги извади надвор станарите на зградите во склоп на тц „Скопјанка“ во населбата Аеродром. Драмата почнала околу 15 часот, по што биле повикани припадниците на МВР и на Противпожарната единица. Станарите сведочат дека се спушта чад што предизвикува штипење во очите. Од МВР потврдуваат дека добиле пријава од граѓани, но се уште се работи на утврдување во причините. Очевидци велат дека ќе се провали во еден од празните станови.

На место на настанот дојде и градоначалникот на Град Скопје  Петре Шилегов, а се чека и Специална единица на АРМ за радио биолошка деконтаминација.