Додик се закани со контрапротести за случајот со Давид Драгичевиќ


Откако групата „Правда за Давид“ во вторникот протестираше на плоштадот „Краина“ во Бања Лука, кога голем број членови на оваа група беа уапсен, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска најави дека, ако наскоро не се објави одлуката на обвинителството во случајот со убиениот Давид Драгичевиќ, ќе ја повика јавноста да протестираат пред канцеларијата на окружниот обвинител во Бања Лука.

„Ако за еден-два месеци нема одлука, ќе ги повикам граѓаните пред обвинителството за да ги избркаме од нивните канцеларии, затоа што не си ја вршат својата работа. Тие се должни да ѝ објаснат на јавноста за што се работи, а не јас го правам тоа или некој друг. Тоа е неприфатливо“, рече Додик и потсети дека судскиот систем во Босна и Херцеговина е создаден од страна на меѓународната заедница.

Тој посочи дека членовите на групата „Правда за Давид“ требало својот демократски притисок да го насочат врз обвинителството за решавање на овој случај и да бараат промена на луѓе од обвинителството“.

„Сѐ уште сум подготвен да седнам и да разговарам со Давор Драгичевиќ, неговиот тим и кое било лице од групата ‘Правда за Давид’“, додаде Додик.