Додик парично казнет поради говор на омраза
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска парично го казни кандидатот за член на колективното претседателство Милорад Додик со 5.000 конвертабилни марки (околу 2.500 евра) поради говор на омраза за време на предизборната кампања за општите избори што ќе се одржат на 7 октомври.
Партијата на Додик, Сојуз на независни социјалдемократи казнета е со 7.000 конвертабилни марки (околу 3.500 евра).
Додик е казнет поради тоа што на предизборен митинг во Билеќа на 22 септември употребил „јазик, кој би можел да поттикне некого на насилство или омраза“. Тој на истиот митинг упатил закани и кон член на општинскиот совет од Српска радикална партија.
Додик во моментот е претседател на Република Српска.