Димитров: Шарената револуција е жед за одговорност, а „Бојкотирам“ е повик за неодговорност


Правењето паралели меѓу Шарената револуција и движењето „Бојкотирам“ е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Шарената револуција е жед за одговорност, одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда. Бојкотирам е повик за неодговорност, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница, наведува Димитров во врска со обидите за поистоветување на Шарената револуција и „Бојкотирам“ кое повикува на бојкот на претстојниот референдум.