Детали за убиството во Ѓорче Петров: Застрелан 38-годишен скопјанец, едно лице приведено


Синоќа во Ѓорче Петров во 21:40 часот беше пронајдено безживотно тело на ул. „Шарпланинска“. Од МВР потврдуваат дека се работи за убиство, а за случајот полицијата досега има приведено едно лице.

Според информации на МВР, до застреланиот 38-годишен скопјанец имало возило „пасат“ со скопски регистарски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.