Детали за убиството во Штип: Синот главен осомничен за смртта на својот татко


Според првичните сознанија од истрагата на штипската полиција за убиството на 62-годишниот Т.Б., кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на ул. „Сутјеска“, бил убиен од неговиот 29-годишен син Г.Б и негов пријател, на возраст од 24 години.

Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип, вели дека најпрвин во раните утрински часови почнала кавга меѓу синот и починатиот Т.Б., по што синот почнал да го удира со тупаници и тапи предмети, а потоа со нож му нанел смртоносни повреди во пределот на главата.

Двете лица, кои се осомничени за кривично дело убиство, се наоѓаат во Основниот суд во Штип, кај судија на претходна постапка.

Засега не се познати мотивите за убиството.