Девојчето што падна во Вардар најдено мртво


Девојчето кое што  падна во водите на реката Вардар во Гостивар, е најдено без знаци на живот во близината на Балиндол, пишува „Гостиварпрес“.

Телото било пронајдено од страна на жители на селото, а било извлечено од страна на полициски служби. Лекарите констатирале смрт.

Се очекува на терен да излезе и Јавен Обвинител кој ќе изврши увид. Исто така се очекува од МВР повеќе детали околу овој случај. Неофицијално девојчето бегало од глутница кучиња, при што паднало во водите во Вардар.