Девојка во Кавадарци нападната од нејзиното поранешно момче


Кавадарчанец денеска ја нападнал својата поранешна девојка и физички се пресметал со другарот кој ја придружувал во центарот на градот.

– Девојката со другарка и и нејзиниот сопруг се паркирале во централното градско подрачје. Во тој момент дошол оставениот дечко и почнал да ја тегне поранешната девојка. Другарот дошол на помош, па двајцата мажи размениле по некој бокс, раскажаа очевидци.

Сите се приведени во полиција и се работи на расветлување на случајот. Настанот го потврди Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција.