Двојна скршеница: Крај на олимпискиот сон за британската надеж


За Кети Ормеруд олимпискиот сон заврши пред почетокот на игрите.

Познатата британска натпреварувачка во сноуборд на првиот тренинг падна и заработи скршеница на зглобот на раката, па се обиде повторно да тренира и во нов пад го скрши глуждот на ногата.

„Скршена сум потполно. Толку се радував што ќе учествувам на Игрите во Пјонгчанг, но сето тоа се распрсна како меур. Ќе чекам нова шанса и ќе морам прво да закрепнам, па потоа и да работам напорно“, изјави Кети.