Две сестри избегале од дома, семејството два месеца трага по нив


Две сестри на возраст од 24 и 16 години, уште пред два месеци избегале од дома и оттогаш од нив нема ниту трага ниту глас. Случајот во текот на вчерашниот ден бил пријавен во полиција.

– Џ.С.(61) од с. Селце – Тетово пријавил дека од пред два месеца од дома се оддалечила неговата ќерка Г.Е.(24) од с. Сенокос, која со себе ја понела и својата 16-годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – информираат од МВР.