Две лица повредени во сообраќајка на булевар „Илинден“


Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Илинден“ кај „Фонтана“ во Градскиот парк во Скопје.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата потврди дека кај нив случајот е пријавен во 11:40 часот и оти според првичните информации возило удрило во семафор.

На местото на настанот се врши увид.