Две лица на рулет противправно „ќариле“ 1,5 милиони денари


Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против две лица кои со манипулација во казино противправно стекнале 1.486.383 денари.

М.М. (21) од село Волково се товари за „затајување“, а О.А. (24) од село Сарај за „потикнување“.

М.М. како вработена во казиното на О.А., по претходен договор, му издавала кредити за „рулет“ за кои тој не извршувал уплата.