Дваесет и седум повредени во сообраќајки за викендот во Скопје


Дваесет и седум лица се повредени од кои две потешко во 15 сообраќајки што се случиле за време на викендот на подрачјето на Скопје. Во седум сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.

Побрзо од дозволената брзина возеле 200 возачи, а 82 возеле под дејство на алколхол. Исклучени од сообраќај се и 68 возачи пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и девет возачи почетници.

Според билтенот на СВР Скопје, за време на викендот исклучени од сообраќај биле и 59 возачи со истечена возачка дозвола и 21 нерегистрирано возило.

Непрописно паркирани биле 208 возачи, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 110 возила.

Единаесет возачи поминале на црвено светло на крстосница, а 43 зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Што се однесува до пешаците како учесници во сообраќајот, за време на викендот 22 поминале улица вон пешачки премин.