Дарко Каевски – кандидат за претседател на СДММ
Дарко Каевски (29), директор на Агенцијата за млади и спорт, според партиски извори, е најсериозен кандидат за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија. Каевски, според информациите, засега е единствен кандидат.
Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател штотуку почна во објектот на МКЦ, а очекувањата се дека ќе финишира со избор на наследник на Стефан Богоев. Актуелниот градоначалник на Карпош и поранешен пратеник, во изминатите години, беше претседател на СДММ.
Планирано е изборниот дел од конвенцијата да заврши во 14.30 часот, кога пред делегатите и другите присутни ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и новиот претседател на СДММ.