Граѓанин го препознал и пријавил напаѓачот на Милевски


Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинителен предлог против напаѓачот на пратеникот Горан Милевски. Тој ќе се сомничи за насилство, соопшти ОЈО. Инцидентот се случи на 25 март годинава на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на ОЈО беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството  за внатрешни работи.

„Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице“, велат од Обвинителството.

Според претпоставките, причина за нападот е изгласувањето на Законот за јазици.​