Голем пожар во трговски центар во Бруклин


Дваесетина пожарникари и граѓани се повредени во пожар што избувна денеска во трговскиот центар Кингс Плаза во Њујорк.

Пожарот започнал во паркингот на трговскиот центар во областа Бруклин, каде изгореле неколку возила.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествувале над 200 пожарникарисо 50-ина возила.

Повеќето од повредените лица се пожарникари, а никој од нив не е во животна опасност.