Германија продаде село за 140 илјади евра


Селото Алвине во германската сојузна покраина Бранденбирг е продадено на аукција во Берлин за сума од 140.000 евра.

Според весникот „Билд“, нов сопственик на селото е анонимен купувач, кој за време на наддавањето по телефонски пат единствен дал понуда за купување на Алвине.

Селото, кое има 15 жители, зафаќа површина од 16.000 метри кавдратни, на кои се простираат девет станбени и поголем број помошни објекти.

Алвине е во состав на општината Ибегау-Варенбрук и се наоѓа на околу 100 километри јужно од Берлин.

Селото нема продавница, а единствената автобиска линија во неговото опкружување само минува крај местото, но нема постојка.

Алвине во времето на поранешна Демократска Република Германија било дел од комплекс на фабрика за брикети, која е затворена на почетокот на 90-те години на минатиот век.

Во 2001 година селото го купиле двајца браќа. но во меѓу време едниот од нив починал, па другиот решил да го продаде. с