В понеделник резултатите од обдукцијата на починатата родилка во болницата во Штип


Раководството на штипската Клиничка болница резултатите од обдукцијата на починатата 28-годишна родилка, Маја Паневска од Свети Николе ги очекуваат најрано во понеделник. Паневска почина вчера во раните утрински часови.

– Обдукцискиот наод од Судска медицина ќе ги покаже причините за прераната смрт на родилката Паневска, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Паневска почина 24 часа откако беше примена на акушерското одделение во штипската болница. На свет по природен пат донесе здраво машко дете, но девет часа подоцна почина од засега непознати причини. Исто така се чекаат и наодите од обдукцијата на починатото бебе од пред неколку дена во штипската Клиничка болница.