Вулин: Скопје е центар за разузнавачки активности против Србија
Тој на ваков оштар начин ја нападна Северна Македонија, коментирајќи ја вчерашната средба во Скопје на премиерот Зоран Заев со лидерот и основачот на опозицискиот блок „Сојуз за Србија“(СзС) Драган Ѓилас, на која, како што соопштија од СзС станало збор за „актуелната состојба во Србија и за двомесечните граѓански протести во Србија „Еден од пет милиони“.
-Цврстата позиција на претседателот Александар Вучиќ дека Србија нема да прифати власт на амбасадорите, го доведе под непосреден удар од страна на службите. Скопје стана простор од каде почнуваат и од каде ќе се поттикнуваат напади против Србија и нејзиниот претседател, рече Вулин за провладиниот весник „Вечерни новости“.