Во 2017 година Македонија ја посетиле скоро милион туристи


Вкупно 998.841 туристи ја посетиле Македонија во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е за 16,6% повеќе споредено со претходната година.

Само во декември бројот на туристи изнесува 51.599, а бројот на ноќевањата изнесува 103. 721.
Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 28,0%.

Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19,0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24,7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 29,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27,0%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3%, а кај странските има зголемување за 23,5%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските има зголемување за 22,8%.

Во демекври најбројни туристи во Македонија биле од Бугарија, Грција и Србија.