Во Тетово нападнати две лица кои делеле флаери за референдумот


На 27.09.2018 година околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово.

Двајцата тетовци кои пријавиле, соопшти денеска МВР, делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум. Според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него,  заминал од местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.