Во судар на возови во Чешка повредени шестмина


Најмалку шест лица се повредени, од кои едно потешко, во судар на два воза на истокот на Чешка, соопштија од државната чешка железница.
Портпаролот на железницата Петер Штјаглавски рече дека еден од возовите бил патнички.
Тој додаде дека на лице место се пожарникарите и членови на тимовите на итните служби и потврди дека составена е посебна стручна комисија за да се открие зошто возовите се движеле по иста пруга.
Портпаролот додаде дека една можност е дека сударот е предизвикан поради грешка на некој од вработените.