Во Струмица силувани две 14-годишни девојчиња


Како што соопштуваат од полицијата, во Струмица во два одделни случаи биле силувани две 14-годишни девојчиња.

Во првиот случај, завчера ПС Струмица од страна на 14-годишно девојче е пријавено кривично дело силување извршено од 17-годишен малолетник. По пријавениот настан од страна на СВР-Струмица во координација со ОЈО – Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во вториот случај, Секторот за внатрешни работи – Струмица поднесе кривична против Н.С. од Струмица за сторено кривично дело силување – друго полово дејствие.

„На 16.7.2018 година околу 1 часот по полноќ во Струмица кај трговскиот центар „Глобал“, 14-годишно девојче од Ново Село, заедно со својата братучетка од Скопје, со такси-возило управувано од пријавениот се упатиле кон Ново Село. Притоа, на влезот во Ново Село братучетката на оштетената се симнала, а пријавениот продолжил со движење до паркот, каде што требало да се симне девојчето, но истиот не застанал на наведеното место и продолжил со движење. На излезот од Ново Село пријавениот го паркирал возилото, и извршил полови дејствија над девојчето, по што ја вратил во Ново Село“, велат од МВР.