Во Србија в петок највени протести на патиштата поради зголемување на цената на горивата


В петок на 8 јуни во поголемиот дел од српските градови ќе се одржат протести против зголемувањето на цените на горивото со блокирање на патиштата од 17 часот-информираат белградските медиуми.

Граѓаните се организирани преку Фејсбук мрежата, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи се повикуваат граѓаните да со своите возила ги блокираат патиштата во 17 часот, каде и да се наоѓат.

Судејќи по најавите на организаторите, во Белград ќе бидат блокирани главните сообраќајници.

Организаторите на блокадата на социјалните мрежи објаснија дека се борат за усвојување на три барања.

Првото барање на возачите е да усвои нова цена на горивата која нема да го надмине износот од 110 динари за литар дизел (0,93 евра) и 120 динари за литар бензин (1,02 евра) и оваа цена да биде важечка за сите бензински пумпи во Србија.

Барањата, исто така, вклучуваат и нова пресметка на цената на горивото, така што на основната цена на горивото ќе се пресметува данок, а потоа да се додаде акцизата која не смее да биде поголема од 50 проценти од основната цена на бензинот.

Се предвудуваат барања и за возилата со погон на гас, со кои  се бара цената на гасот да не биде поголема од половината од цената на безоловниот бензин.

Од почетокот на годината до денес, горивото во Србија е зголемено за 8,79 динари за литар, а за дизелот за 11,30 динари. Сега литар бензин од 95 октани чини 152,02 динари, Еуродизелот 161,71, додека за  поскапите горивни категории таа е 167 динари.