(ВИДЕО) Воз удри во автобус во скопско Свиларе, повредени две лица


На патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, кај село Свиларе, вчера околу 10.15 часот се случила железничка незгода, во која две лица се повредени.

Како што соопшти денеска МВР во железничката незгода товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од скопското село Грчец.

– Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош – стои во соопштението од МВР.

Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.

Жителите на овие села за ТВ21 велат дека не е првпат да се случи несреќа од ваков вид. Тие велат дека пред пругата мора да се постави рампа, а не семафор.