„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“: За една ноќ заработи 45 милиони долари


САД- Филмот “Војна на ѕвездите: Последниот џедај”, осмиот од вселенската кино сага, собра 45 милиони долари приходи од проекции само за една ноќ за премиерата викендов во САД и Канада. Така, филмот се рангира на второто место на листата со највисоки заработувачки снимки од пред- ноќните проекции.

Првиот, со приходи од 57 милиони долари  , е “Војна на ѕвездите: моќта се буди”, што го означува почетокот на оваа нова трилогија во 2015 година.

„Војна на ѕвездите: Последниот џедај” се очекува да заработи околу 200 милиони долари оваа недал .Филмот ќе биде прикажан во 4232 северноамерикански кина.