Волмарт и Дикс ја сменија политиката за продажба на оружје


Двата главни продажни синџири во САД ја сменија својата продажна политика на оружје, по масакрот во училиште на Флорида.

Волмарт, најголемиот продажен синџир во земјата, соопшти дека ја подигнува забраната за продажба на оружје и муниција за сите помлади од 21 година.

„Преземаме сериозна одговорност како сериозни продавачи“, се наведува во соопштението.

Волмарт, исто така, ги повлекува играчките и другите предмети кои потсетуваат на пушки од својата интернет страница. Тој продажен синџир ја запре продажбата на полуавтоматски пушки во 2015 година, како и на пиштоли, освен во продавниците на Алјаска.

Претходно и Дикс Сортинг Гудс соопшти дека веќе нема да продава полуавтоматски пушки ниту пиштоли на лица помлади од 21 година.

Тој синџир побара и од Конгресот да го забрани јуришното оружје и да ја крене долната граница на години за купувачите. Напаѓачот во средното училиште во Паркленд, Николас Круз, користеше јуришна пушка АР-15 за време на нападот. Дикс соопшти дека Круз купил пушка сачмарка во една од нивните продавници по завршувањето на предвидената процедура, но нагласуваат дека тоа не било тоа оружје, ниту вид на оружје кое го користел во масакрот на 14 февруари кога уби 17 лица.

И Волмарт и Дикс соопштија дека се посветени на пружање услуги за спортисти, ловци и повеќето сопственици на оружје, кои ги нарекуваат граѓани кои се придржуваат до Законот.

Во меѓувреме, повеќе од десет големи компании ги запреа попустите за членовите на Националната организација на сопственици на оружје (НРА). Тоа ги вклучува Делта ерлајнс, Ентерпрајс рентакар, МетЛајф осигурување и хотелите Бест вестерн.