Воз удри во карпа кај Лакавица


Патнички воз што сообраќа на релација Кичево- Скопје, денеска удрил во карпа и се излизгал од шините, но нема повредени во несреќата.
Денеска, околу 6.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево – Скопје, на потегот помеѓу гостиварските села Лакавица и Падалиште удрил во карпа и се излизгал од шините.
Повредени патници нема. Во тек е увид.