Возач излетал од патот и паднал во канал


СВР Скопје го корегираше извештајот за случените сообраќајни незгоди во изминатото деноноќие. Според новиот извештај, возач не загинал во железничка сообраќајна несреќа, туку починал откако излетал од стариот пат Петровец – Катланово и паднал во канал.

Несреќата, како што информира СВР Скопје, се случила вчера околу 17 часот пред Катланово. Седумдесет и двегодишниот Г.М. (72), управувајќи автомобил „хонда“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

„Од здобиените повреди на местото на настанот Г.М. починал. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.