„Вог“ ги објави свадбените фотографии на Кејт Аптон во Италија


САД- Кејт Аптон и Џастин Верландер минатиот месец се заколнаа на вечна љубов во Италија. „Вог“ го објави свадбениот албум на парот, заедно со детали за свеченоста.

Дваесет и петгодишниот модел и 34-годишниот спортист ги поканиja своите најблиски роднини и пријатели на викенд-прослава во Тоскана.

На вечерата пред големиот ден, сите гости носеа црвена облека. За таа пригода Кејт шармираше во црвен фустан од Валентино.

Парот ја започна веселбата со танц на „Everything“ од Мајкл Бубле. Невестата блесна и во втора венчаница со етикета на „Кристи Рилинг студио“ (Christy Rilling Studio).

„Сакав фустан во кој ќе можам да се забавувам, но кој сепак ќе донесе гламур“, вели Кејт.

Парот е во врска од 2014 година.