ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска и одговорност во МВР и во ЈО
Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми е замајување на јавноста. Одговорност мора да има и на повисоко ниво. Одговорност мора да има и морална и кривична, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.
„Директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата. Тој е назначен и претпоставените во хиерархијата морале да имаат увид во неговата работа и да реагираат на несоодветното постапување многу порано, пред да се случи трагедијата, односно последиците по детето. За ова одговорност имаат сите над него, почнувајќи од првиот човек во МТСП, Министерката Мила Царовска. Четири дена јавноста чекаше одговор и одговорност од институциите. Одговорност нема. Оставката на директорот е само замајување на јавноста и затскривање на вистинските виновници. Одговорност мора да има и во ОЈО и МВР, кои повеќе од 6 месеци не преземале никакво дејствие во насока на заштита на девојчето“, соопштија од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, скандалозниот однос на институциите и негрижата која ја манифестираат државните органи е недозволив.