(ВИДЕО) Силна експлозија пред градинка во Дубровник, разнесен автомобил


Силна експлозија одекна рано утрово во Дубровник околу 3 часот пред една градинка, објавија локалните медиуми.

Според првичните информации, возило „опел вектра“ со дубровачки регистарски ознаки е целосно уништено, а ветробранското стакло на автомобилот летало 40 метри.

Index.hr известува дека службеник одделот за криминалистика излегол на терен и дека истрагата е во тек.

Како што пишува весникот „ДУ лист“, се претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу навивачите на „Торцида“ и „Бед блу бојс“. Сопственикот на автомобилот, кој инаку е припадник на навивачката група „Бед блу бојс“, вели дека и претходно му фрлиле слично пиротехничко средство во неговиот дом.