(ВИДЕО) По убиството, саудиски агент се шетал низ Истанбул во облеката на Кашоги


По убиството на новинарот Џамал Кашоги, човек сличен на него излегол од конзулатот во истата облека што ја носел Кашоги.
Ова било втора посета на новинарот на саудискиот конзулат. Тој при првата бил љубезно пречекан и му било ветено дека ќе ги добие потребните документи за венчавката на втората средба.
Вториот пат, место Кашоги, од конзулатот излегол Мустафа ал Маданија, човек сличен по раст и изглед со Кашоги, која ја носел неговата облеката.

Американската телевизија Си-ен-ен успеала да стигне до, како што вели, ексклузивни снимки од камерите за надзор како дел од истрагата на турската влада, а на нив се забележува како мажот во облеката на Кашоги со лажна брада и очила излегува од задната врата на конзулатот, четири часа откако претходно влегол од предната врата.

Неименуван турски официјален претставник лажниот Кашоги го идентификува како Мустафа ал Мадани за кого наведе дека е член на одредите за смртта, испратен да го убие новинарот во саудискиот конзулат за време на посетата на која тој требаше да подигне документ за планираната свадба.