(Видео) Босна и Херцеговина повторно блокирана од снег, патот Сараево – Мостар непрооден


Големи снежни наноси повторно предизвикаа колапс во сообраќајот на магистралата М17 Сараево – Мостар.
Сообраќајот потполно е во прекин поради големите врнежи од снег.
На истата делница, практично дојде до повеќедневен колапс во деновите по 18 јануари. Тогаш постар маж почина во тек на повеќечасовна блокада на сообраќајот меѓу Сараево и Мостар.
Заради повеќедневна блокада имаше критики од јавноста на сметка на надлежните институции на кантонално и федерално ниво, но тие си ја префрлаа топката едни на други.