(ВИДЕО) Босанец во инвалидска количка сам си направи спуштен тротоар за да ја премине улицата


Еден човек во инвалидска количка беше снимен како со помош на чекан удира по тротоарот за да си направи спуштен тротоар за да може да ја премине улицата.

Видеото, како што се наведува, е снимено во Босна и Херцеговина во градот Горажде.

Тротоарот е направен така што улицата не може да се премине со инвалидска количка, а постариот човек реши да ја земе работата во свои раце и да го реши проблемот за во иднина да може без проблеми да ја минува улицата. Тешко дека некој може да му забележи на ваквиот потег, особено не градските власти, кои очигледно не си ја завршиле својата работа да им овозможат на инвалидизираните лица непречено да се движат низ градот.