Видал: Меси се плаши од мене


Ѕвездата на фудбалска репрезентација на Чиле, Артуро Видал, верува дека Лионел Меси се плаши од него по двете последователни финалиња во Копа Америка, кои Аргентина ги загуби во 2015 и 2016 година.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ и голгетер број еден на Барселона за сите времиња се уште нема освоен значаен трофеј на меѓународната сцена со „гаучосите“.

Сега Аргентинецот се подготвува за учество на Светското првенство 2018 и барем му е малку полесно, дека Чиле не успеа да се пласира во завршницата во Русија.

– Дали јас се плашам од Меси или тој се плаши од мене? Мене од него не ми е страв, но треба да го прашате Меси како стојат работите кај него. Го победив двапати во финалето, а ако се сретнеме повторно, Чиле пак ќе биде победник, се закани 31-годишниот Видал.