Велика Британија е прва земја во која вијагра ќе се купува без рецепт


Велика Британија ќе биде првата земја во која потрошувачите ќе можат да купат „вијагра“ без рецепт, објави производителот, компанијата „Физер“.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи во Велика Британија соопшти дека прекласификацијата го придвижува лекот за еректилна дисфункција од лекови што се издаваат на рецепт до фармацевтски лекови.

Целта на овој потег е да се спречи нерегулираната продажба на популарната таблета за потенција.

Лековите со еректилна дисфункција се цел на криминалците кои продаваат нелиценцирани и фалсификувани лекови. Ако се направат овие лекови пошироко достапни, тоа ќе им помогне на луѓето кои инаку не би барале помош во здравствениот систем. Ќе се намалат ризиците што доаѓаат со купување на лекови од веб - сајтовите што работат незаконски", соопшти Регулаторната агенција. 

Во минатите пет години,  Агенцијата запленила нелиценцирана или фалсификувана вијагра во вредност 66 милиони долари, односно 50 милиони британски фунти.