Василевски, Лазаров, Ѓошевски и Пешов остануваат во притвор


Пратеникот Сашо Василевски, началникот во МВР Душко Лазаров, шефот на обезбедување на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски и началникот на посебните и специјалните единици Митко Пешов, остануваат во притвор, откако Апелациониот суд ги потврди одлуките на Кривичниот суд.

Апелациски денеска треба да ги разгледува жалбите и на пратениците Љупчо Димовски и Крсто Мукоски.

Апелацискиот суд Скопје вчера им ја преиначи мерката притвор во домашен притвор на пратеникот Љубен Арнаудов и на организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април минатата година.

Куќен притвор и одземање на пасошот Апелациски им определи и на Јане Ченто, Иван Цветановски кој работел во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Велјановски и на Оливер Радулов од УБК.