Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата


Ракометарките на Вардар беа поразени со минимални 27:26 од актуелниот европски првак Ѓер во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.

Исто како лани по продолженијата Ѓер ја одбрани титулата, а вардарки останаа без посакуваниот европски трофеј.

Во почетокот Ѓер ја искористи предноста на домашниот терен и во поголемиот дел од првото полувреме наметна минимална предност од два поени.

Ракометарките на Вардар првите давесетина минути не наоѓаа решение во нападот.

Благодарение на исклучително добрата одбрана на Амандин Лејно, македонските ракометарки се вратија во ритам и во 25 минута стигнаа до израмнување, а потоа поведоа.

Полувремето продолжи да се игра гол за гол и на паузата се замина со резултат од 9:9.

Целиот втор дел продолжи да се игра поен за поен се до последните секунди и натпреварот во редовиот период заврши израмнето 20:20.

Вардар не успеа да ја ефектуира одбраната на Лејно и да поведе.

Во продолженијата Ѓер некоку пати стигна до минимално водство, но Вардар се доближуваше на гол разлика се до самиот финиш на финалето, кое заврши со победа на унгарските ракометарки од 27:26.

За вардарки ова беше петти настап во низа на завршниот турнир и последен во овој состав, бидејќи на крајот од сезоната странските ракометни ѕвезди го напуштаат македонскиот клуб.