Вардарки ја продолжија победничката серија во ЛШ


Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на Будуќност со 31-24 (19-8).
Вардарки покажаа одлична игра во одбрана и напад, а шампионот на Црна Гора не беше дораснат ривал.
Ова е деветти триумф по ред сезонава во елитното европско натпреварување за „црвено-црните“ и 29-ти меч по ред во кој се обезбедени бодови.
Вардар останува лидер на табелата во група 2 во главната фаза со 14 бода, и со најдобра гол разлика (+ 45) и најдобар напад (219 гола).
Пенезиќ со осум голови ја преводеше листата на стрелци, а кај Будиќност најпрецизна беше Брновиќ со шест гола.
Наредниот меч во Лигата на шампионите, Вардар го игра дома на почетокот на март, кога во Скопје гостува германски Битигхајм